Игла форум!


 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!

Go down 
АвторПорака
nensy
Почетник
avatar

Број на мислења : 16
Age : 23
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Нед Фед 01, 2009 11:23 pm

Нега на тетоважата

3 часа после тетовирањето извадете ја фолијата(газата ) од тетоважата и внимателно измијте ја при што да се отстрани непотребната боја и со Gentamicin (антибиотска маст) треба убаво да се премачка.Ставајте во мали количини за да не дојде до алергии од многу нанесување.
Следните 14 дена се користи (витаминска) рибна маст Јекодерм исто во мали количини и на секои 2 до 3 часа.
** Доколку не се нанесува правилно и редовно маст , вашата тетоважа ке фати коричка а може и полесно и побрзо да избледи!
Никако не смеете следните 2 месеци да ја изложувајте директно на сонце и да се бањате во река , езеро(нечиста вода)
** Корисно и убаво е после процесот на заздравување 10 да се користи било каква крема за кожа со што вашата тетоважа ќе добие повеќе сјај и полесно ќе ја поприми бојата
** Додека заздравува тетоважата не давајте да ве допира никој бидејќи можно е да дојде до некаква инфекција
** Доколку се тетовирате во летниот период користете млеко со најјак фактор при што истиот ќе помогне за да не ви изблеи
Дали тетовирањето е болно??
Во принцип болката зависи од местото на тетовирање но и до човекот и неговиот организам.. Хормонот ендорфин покажано е дека помага во намалувањето на бол и неудобност при што болакта би ја осетиле само првите 5 мин(додека да се привикнете) .Хормонот едндорфин е поврзан со “центрите за уживање во мозокот” па според тоа може да се каже дека тетовирањетоможеда е зависност или самата тетоважа кај некои луѓе ствара чуство на сексуално доживување.Можда болката произлегува од нашето чуство на исчекување кое создава нервоза а со тоа и телото се згрчува, во спротивно како што телото е се поопуштено толку и тетовирањето станува побезболно.
Друга причина при што може да се чуствува болка е да тетовирачот е непрофесионален и забодува повеќе од колку што е нормано(правилно)

Пред тетовирањето и пирсингот

морате да го известите вашиот таттоо мајстор ако сте болни : хемофилија(тешко засушување на крвта) хеморалгија(лесно појавување на модрици), шеќерна болест,алергичност од јод,креми,метали, проблеми со притисок,бременост(можни се проблемите со кожата,вртоглавици , неиздржливост, малаксаност)во овој случај консултацоија со матичен лекар е исто така препорачлива. **Не смеете да сте гладни, ненаспани(умор и недостаток на енергија може да предизвика нервоза и ,неконтролирано мрдање,зголемена осетливост и во некои случаеви можно е и онесвестување,. Секако не смее да се користат било какви дроги, алкохол 24 часа пред терминот, што во спротивно може само да предизвика несакани реакции како што е крварење.

Како до мотив??

Кога ќе одбирате со што би сакале да си го украсите вашето тело, пожелно е да сте најпрвин убаво информирани. Обично луѓето за прв пат одбираат некои помали тетоважи и на поскриени места, но затоа ако се решат пак на втора таа е дефинитино спротивна од првата. Најлесно и најдобро е да се одлуќите за мотив кој лично се поврзува ( е својствен) за вас!!Некој спомен, личност , настан.нешто што ви значи само на вас!!Случајно избраните мотиви (набрзина) се обично лесно минливи за вкусот, па можно е да се презаситите од таа тетоважа и да ви здосади а какмо ли пак да сакате да ве обележува за целиот живот!! Правило на тетовирање е и дека тетоважите се личен вкус!Ако денес се форсираат некои стилови тоа незначи дека тие нема да се модерни или е глупаво да ги ставите!!
ТЕТОВАЖИТЕ НЕ И СЕ ПОТТЧИНУВААТ НА МОДАТА ТИЕ СЕ ДОЖИВОТНИ!!

Во какво студио треба да се тетовирате??

Погледнете наоколу дали е студиото чисто , уредно дали има стерилизатор каде што треба да е опремата соодветно стерилизирана. - видете дали тубите се чисти(нема остаток на боја) и дали мајсторот носи ракавици, битно е иглите да се нови( значи тие неможе да се стерилизираат и се исклучиво за една употреба) ,побарајте или осигурајте се за стручноста на мајсторот,може да најдете и некој од улица што работи во домашни услови па да ви направи тетоважа со пониска цена но затоа и квалитет!! Bидете ги неговите претходни изработки ( готови тетоважи) НЕМОЈТЕ ДА СЕ ТЕТОВИРАТЕ ПОД НЕСТАНДАРДНИ УСЛОВИ!! МОЖДА КЕ ДОБЕТЕ ПОЕФТИНА ТЕТОВАЖА НО ВАШИОТ ЖИВОТ И ЗДРАВЈЕ НЕМА ЦЕНА!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
nensy
Почетник
avatar

Број на мислења : 16
Age : 23
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Нед Фед 01, 2009 11:24 pm

Накит Накитот е многу важен особено за првото пирсање.Се препорачува тоа да биде titanium како најсоодветен метал кој не содржи токсични материи,при што многу се мали шансите да дојде до алергии,гноеви и инфекции.
Секако многу е битно тој да биде соодветен (големина и дебелина) за местото кај што ке се стави пирсот. Метали кои се погодни за пирс покрај titanium се :
*хируршки метал (или стејнлес стил)
*14 или 18 каратно злато
*ниобиум
*титаниум
*платина
*за најбрзо и најлесно заздравување се погодни Barbels.


Ризици Уметноста на тетовирање и пирсинг носи свој ризик кој подразбирана рушење на еден од најзначајните обрамбени делови на човечкото тело - кожата.Доколку не се работи во соодветни услови опасноста не е никаков сомнеж да се добие сериозно заболување како хепатитис Ц, Б ,тетанус,туберкулоза, и Хив!!!! Хепатитисот најпрвин е незабележителен и неосетлив но една година подоцна се манифестира во вид на чироза или карцином на јетра..Од полесните ризици се отоци или деформации кои не се опасни по живот но затоа пак се застрашувачки и секако си бараат соодветен медицински третман. Американскиот Црвен крст не дозволува дарување на крв долколу не е помината една год . од тетовирање или пирсинг при што е задолжителна потврда од студиото.Со ова се рачуна на избегавање на ризиците кои можат да настанат при пренесување крв на примателите. Од тетовирање ризици може да се јават во вид на: Алергии-кај тетоважите боите од неприродно потекло со многу хемикалии(особено црвената) предизвикуваат алергии црвенило.Слично и кај пирсовите кои не треба да се користат (оние кои содржат никел во нивниот состав),Орални компликации-кај пирсовите во устата може да дојде до отпаднување на забите и разорнување на непцата! Затоа е и задолжително да се применува препорачаното од вашиот пирсер. Инфекции на кожа: може да се јави црвенило,чешање, карцином пирсингот на ушите може да е ризичен и да створи гнојови,кој кој што ни амбиотиците не се секогаш корисни.
КОМПЛИКАЦИИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЖИВОТНО ЗНАЧАЈНИ НО ИСТИТЕ СЕ МОЖНИ САМО ДОКОЛКУ СЕ РАБОТИ ПОД НЕСТАНДАРДНИ УСЛОВИ!!


Отстранување на тетоважите
Најчесто прашање пред некој да сака да се истетовира или пак кога не е задоволен од неговата тетоважа!! Многу дерматолози кажуваат дека не е можно потполно нивно отстранување.Нивното вадење зависи од повеќе фактори:
-големината , местото ,од организмот на човекот,од староста на тетоважата, и од начинот на кој е изработена.На пример оние тетоважи кој се професионално(правилно) изработени полесно и посигурно е дека ке се извадат. Но со напредокот на технологијата се повеќе има современи и посигурни методи за целосно отстранување.
** Со операција- се користи скалпер и раните се затвараат со завои а во некои случаи кај што тетоважата е поголема се зема кожа од друг дел на телото
**Со замрзнување на кожатаа(болен методможно е и крварење)
Покрај овие начини денес се почесто , најсигурно и најбезболно е ласерското отстранување.
Не дозволува крварење и несакани ефекти.Секое вадење е повеќе кратно
Типот на ласер кој се користи зависи од бојата на самата тетоважа(најтешки за отстранување се црвената и жолтата а најлесни се сината и црната)
Ласерите кои се користат за вадење на тетоважите имаат таканаречена Q-switching техника која се состои од кратки импулси со висока енергија.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
nensy
Почетник
avatar

Број на мислења : 16
Age : 23
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Нед Фед 01, 2009 11:24 pm

За пирсот После 2 часа пирсот ке се засуши од маста и со антибиотски сапун исчистете го најпрвин местото.Убаво намачкајте го со Betadine 10% раствор за дезинфекција. Потоа со Gentamicin го мачкате на секои 3- часа дневно 20 дена, Задолжителна е хигиената како и претпазливоста околу местото во спротивно е можно да се удрите или закачите па да се појават гнојови. Не смеете да го вадите пирсот за време на заздравувањето(додека да не се оцели дупчето) и секако да не се бањате во нечиста вода. Исто како и кај тетоважите не е препорачлив летниот период бидејки се можни повеќе алергии и инфекции.
За пирсовите во устата се користи исклучиво Betadine но со раствор за уста и грло во период од 20 дена.За побрзо зараснување , чистете го (плакнете го) пирсот секои 2 до 3 часа дневно и посебно внимавејте на хигиената на забите ,при што во спротивно можни се сериозни заболувања.


Пирсинг на гениталии

Овој вид на пирсинг е доста популарен последниве години но е најризичен .Потребен е навистина стручен пирсер за да не дојде до несакани последици! Се користи повторно Gentamicin како најдобар и најнежен антибиотик исто на секои 2-3 часа. во рок од 20 дена ,секкао и овдека е задолжителна беспрекорна хигиена.

заздравување
Уши 6 - 8 недели
Ушните рскавици 4 месеци - 1 год.
Веѓа 6 - 8 недели
Нос 2 -4 месеци
Усни 2 - 3 месеци
Јазик 4 недели
Пупка 3 - 6 месеци
Папок 4 месеци - 1 год.
Женски гениталии 4 - 10 недели
Машки гениталии 4 недели- 6 месеци
**И секако периодот на пирсинг за да се направи најпогоден е од 16 год (бидејки телото сеуште расте) а за тетоважите е 18г
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
dimitaar
Администратор
avatar

Број на мислења : 123
Age : 24
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Пон Фед 02, 2009 12:37 am

Пирс највеке мразам и милсам дека го загрозува лицето...ако си ставаш на пример на :носот,јазикот има некои,уста и др...тоа е глупост.. Лут
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://igla.forumotion.net/forum.htm
Bubeee
Администратор
avatar

Број на мислења : 84
Age : 24
Местолокација : Радовиш
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Пон Фед 02, 2009 11:36 pm

Пирс никако , но тетоважа многу сакам и мислам дека ке ставам кога и да е но некоја мала што не е многу приметна..
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
nadicaa
Администратор
avatar

Број на мислења : 65
Age : 23
Registration date : 2009-02-01

ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   Нед Фед 08, 2009 3:21 am

Пирс мразам но тетоважа многу сакам... Среќен Среќен
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!   

Вратете се на почетокот Go down
 
Тетоважи и пирсови - се` за нив од здравствен аспект!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Игла форум! :: Здравје-
Отиди до: